Евертон му помогна на Сити да го престигне Ливерпул

Манчестер сити триумфираше на гостувањето кај Евертон со 2-0 и изби на челното место на табелата во англиската Премиер лига бидејќи има подобра гол-разлика од Ливерпул, со кого имаат по 62 бода, но „црвените“ имаат и еден меч помалку.

Од овој резултат на „Гудисон парк“, најголем губитник е Ливерпул, градскиот ривал на Евертон. Денеска беше чудна ситуација, сите фанови на Ливерпул беа за Евертон, а оние навивачи на Евертон кои најмногу го мразат градскиот ривал, не навиваа за својот тим туку за Сити, од инает кон соседите.

Французинот Ајмерик Лапорт во судиското продолжение од првото полувреме ја отвори портата кон победата. Ова беше дури 15-ти гол за Сити сезонава во нивниот прв шут во рамките на голот на еден меч. Ниту еден друг тим во Премиер лигата не дал повеќе од девет гола со првиот шут кон гол. Вториот гол падна во последните секунди, а стрелец беше Габриел Жезус.

Сити нема нерешено во Премиер лигата уште од седми октомври, кога гостуваше кај градскиот ривал на Евертон, Ливерпул, додека „карамелите“ не ремизирале од 10-ти декември наваму.

Манчестер сити за последен пат славеше двапати во иста сезона против Евертон во 2013/14, кога под водство на тренерот Мануел Пелегрини ја освоија титулата во Премиер лигата. Дали е ова лош сигнал за Ливерпул?

- Оглас -

Најнови вести