Погодок од пенал во 95-тата минута на бразилскиот меч меѓу Форталеца и Барбалја во шампионатот Сеаренсе му донесе голема радост и вкупна добивка од околу 8.800 евра на обложувач во Sport Life и тоа на два различни тикети со исти двојки, но и различни игри.
Раел Лима Дош Сантош Мота, играчот на Барбалја, имаше нерви да го погоди ударот од белата точка во последните моменти, со тоа намали на 3-1 и ги претвори двата тикети во добитни.
Обложувачот во ГТЦ во Скопје одиграл два слични тикети со исти двојки. Во првата комбинација се пет натпревари со идентична игра 2-3 голови во прво и во второ полувреме, а тој тикет за уплатени 20 денари му донесе добивка од 374.880 денари.
Дека од среќата не се бега, потврда е и вториот тикет, одигран со истите двојки, но во нова варијанта, со 2+ прво полувреме и 2+ второ полувреме. Влогот е 30 денари, а добивката одлични 163.851 денари.
Почетокот е со мечот од индиското првенство меѓу Бенгалуру и Керала Бластерс 2-2 (0-2). Потоа имаше драма на мечот меѓу Ламија и Олимпијакос, кој заврши 3-3, со предност на Ламија на полувремето од 2-1.
Тука и среќата му се насмевна на добитникот бидејќи до 62-рата минута веќе беше исполнета квотата на голови за второто полувреме, па над половина час требаше да нема ниту еден погодок. Тоа и се случи, мрежите мируваа, а потоа и двата вечерни дуели што почнаа непосредно пред полноќ завршија како по ноти. Виторија и Жекике во Бајано шампионатот на Бразил одиграа на полувреме 2-0, на крај 4-0, а Генерал Дијаз загуби од Серо Портењо во Парагвај со 1-3 (1-1).
И за крај следуваше бразилската драма на „Кастелјао“ во Форталеца и погодениот пенал во петтата минута од судиското продолжение. Форталеца, чиј тренер е легендарниот бразилски голман Рожерио Сени, победи со 3-1 и на полувремето имаше предност од 2-0, таман за два добитни тикети кои се исплатени во Sport Life.