Менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, е импресиониран од прикажаната игра на 18-годишниот Рико Луис во вчерашниот меч против Ред Бул Лајпциг во Лигата на шампионите.
Граѓаните славеа со 3:1, а Луис го одигра целиот меч и го импресионира својот тренер, кој пак не се штедеше со комплиментите.
„Каков играч е Рико. Неверојатен, фантастичен. Има 18 години, а може да игра на четири, пет позиции и не се плаши. Исто така е одличен и во одбраната. Тренер сум 15 години, тренирав неверојатни фудбалери, но Рико е најдобриот со којшто сум работел“, изјави Гвардиола.
Рико Луис е роден во Манчестер и е дете на академијата на Сити.