Фудбалерите на Зрињски во првото коло од групната фаза во Лигата на конференции приредија сензација со победата од 4:3 над АЗ Алкмар, а вечерва од 21 часот ги очекува нов голем предизвик, премиерлигашот Астон вила.
За тоа колку е голем фаворит Астон вила, најдобро покажува податокот дека најскапиот фудбалер на премиерлигашот вреди петпати повеќе од целиот тим на Зрињски.
Според податоците на интернет-страницата специјализирана за трансфери „Трансфермаркт“, Муса Дијаби вреди 50 милиони евра, додека целиот тим на Зрињски е проценет на 10,3 милиони.
Вредноста на Астон вила пак изнесува 597,7 милиони евра, а освен Дијаби, голема вредност имаат и Пау Торес, кој е проценет на 45 милиони, Џејкоб Рамзи (42 милиони) и Оли Воткинс (40 милиони).
Кај тимот од БиХ, највреден фудбалер е капитенот Марио Чузе (милион евра), додека Немања Билбија е проценет на 800.000 евра.