Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси, доби своја претстава во најпознатиот циркус на светот „Сирк де солеј“.
Перформансот наречен „Меси 10“ на гледачите им овозможува уште еднаш да ги доживее емоциите кои ги предизвикаа фудбалската репрезентација на Аргентина предводена од Меси, на патот кон освојување на светската титула.
Премиерата на перформансот „Меси 10“, беше викендов во главниот град на Аргентина, Буерос Аирес.
Продуцентот на претставата Диего Санс откри дека во претставата ќе учествуваат уметници и акробати од 15 земји, а во подготовката на истата учествувал и самиот Меси.
„Меси е како суперхерој. Дресот на агентинската репрезентација со бројот 10 на грбот е како наметката на Супермен. Претставата е направена со благослов на Меси, дури тој самиот учествуваше во некои креации, како изборот на музиката и во делови од неговиот живот“, изјави Санс.
Планот на најпознатиот циркус на светот е идната година да тргне на турнеја низ Јужна Америка , а последна станица би бил Мајами, градот во кој сега Меси настапува.