На ЛОИ 2028 година се враќаат спортови кои биле дел од Игрите пред повеќе од 100 години

Организаторите на Летните олимписки игри во Лос Анџелес 2028 сакаат во својата програма да воведат неколку нови спортови. Се правеле договори за крикет, фудбал со знаме, лакрос, сквош, како и бејзбол и софтбол во својата олимписка програма, пишуваат светските медиуми.

Препораките на организаторите ќе бидат предмет на конечно одобрување од страна на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), а состанокот е закажан за Мумбаи подоцна овој месец, иако „Лос Анџелес тајмс“ објави дека сите спортови најверојатно ќе бидат одобрени.

Крикет веќе еднаш се играше на Олимписките игри, во Париз во 1900 година, кога Англија и Франција играле во финалето. Лакросот исто така накратко бил олимписки спорт на почетокот на минатиот век. Фудбалот со знаме, бесконтактна верзија пет на пет на американскиот фудбал, исто така, доби поддршка, што ќе ја воодушеви НФЛ, која се залагаше за вклучување на американскиот фудбал како олимписки настан за да го зголеми интересот за играта ширум светот.

Бејзболот и софтболот веќе беа на програмата за Игрите во Токио, иако не останува отворено прашањето што ќе се случи со ограничувањето на Меѓународниот олимписки комитет од 10.500 спортисти за секоја Олимпијада. Доколку не се прошири бројот на учесниците на Игрите, може да се случи другите спортови да мора да го намалат бројот на учесници.

- Оглас -

Најнови вести