Лазаров: Војводина е фаворит, но ние ќе се обидеме да изненадиме

Екипата на Алкалоид утревечер ќе дебитира на европската сцена, и тоа на домашен терен против Војводина, во првиот меч од Европската лига на ЕХФ. Тренерот Кирил Лазаров потенцира дека се работи за силен ривал, но дека македонскиот вицепрвак нема да се предаде.

„Ова е историски меч за нас. Минатата сеозна само со домашни играчи успеавме да стигнеме до второто место и да се избориме за настап во Европа. Ова натпреварување е рамо до рамо по квалитет со Лигата на шампионите. Има екипи кои во минатото настапувале во ЛШ и тоа за нас е голем предизвик и искуство повеќе за сите играчи. Се надевам дека достојно ќе се претставиме. Нашата група не е нималку лесна, нималку наивна. Тука е Војводина, минатосезонскиот победник во третото по ранг натпреварување во Европа. Очекувам квалитетен меч, верувам дека моите играчи ќе го дадат максимумот. Подготвени сме за игра. Максимално го почитуваме противникот, а доколку бидеме на посакуваното ниво, може да очекуваме да ни се укаже шанса да изненадиме. Се подготвуваме максимално и ќе се обидеме да ја изненадиме Војводина“, вели тренерот Лазаров, кој додава дека гостите се во улога на фаворит.

Капитенот на Алкалоид, Игор Ѓоргиев, ветува голема борба на теренот и очекува поддршка од трибините.

„Војводина е шампион на Србија и тоа доволно говори за каков ривал се работи. Ова за нас ќе биде едно големо искуство. Се подготвуваме, ја посакуваме победата. Ги поканувам сите љубители на ракометот да дојдат да ни дадат поддршка, а ние ветуваме голема борба на тернот“, вели Ѓоргиев.

- Оглас -

Најнови вести