Баерн Минхен му прости на Мазрауи, не играл затоа што имал повреда

Баерн Минхен официјално се огласи во врска со про-палестинскиот пост на социјалните мрежи на нивниот играч Нусаир Мазрауи.

„Нусаир Мазрауи е мирољубива личност и продолжува да отфрла терор и војнам не поддржува терористички организации. Тој жали ако неговите објави предизвикале иритација кај луѓето. Баерн ги осудува нападите на Хамас врз Израел, стоиме на страна на еврејската заедница во Германија и на страната на Израел, ништо не може да оправда убиства на деца и семејства. Во политичката култура на Германија, нема место за насилство. Мазрауи останува во тимот на Баерн, но моментно е надвор од тимот поради повреда која ја здоби на меч на мароканската репрезентација“ – вели извршниот директор на Баерн, Јан-Кристијан Дресен.

- Оглас -

Најнови вести