Првиот избор од годинешниот НБА-драфт, Виктор Вембањама одигра одлично против Голден Стејт вориорс во последниот контролен меч пред стартот на сезоната.
https://twitter.com/i/status/1715552861411570030
Во победата на неговиот Сан Антонио спарс 122:117, Вембањама имаше учинок од 19 поени, пет блокади и четири скока и ги засени ѕвездите на Воините како Стеф Кари, Дрејмонд Грин и Клеј Томпсон.
222 сантиметри високиот кошаркар имаше повеќе блокади од скокови, а беше најпрецизен во својот тим иако не го служеше најдобро (8/19 од игра и 2/7 за три поени).
https://twitter.com/i/status/1715556387277963572