Макс Ферстапен ја забележа 15-тата победа оваа сезона на трката за ГН на САД, а со него на подиумот завршија и Хамилтон и Норис. Сепак, после трката Луис Хамилтон и Чарлс Леклер се дисквалификувани, откако инспекцијата на ФИА забележала неправилности на нивните болиди.
Тоа значеше и промени во конечниот пласман на возачите на трката во Остин, па така Норис се искачи на втората позиција, а Сајнц од Ферари напредуваше до третото место. Возачот на Вилијамс, американецот Логан Сарџент се искачи на 10-тото место и за првпат освои бод.
Конечниот пласман сега изгледа вака: 1. Ферстапен, 2. Норис, 3. Сајнц, 4. Перес, 5. Расел, 6. Гасли, 7. Строл, 8. Цунода, 9. Албон и 10. Сарџент.
Hamilton and Leclerc disqualified for plank wear irregularities on their cars following an inspection by an FIA technical team
Full story ⤵️#F1 #USGP https://t.co/w1yR2EpvAC
— Formula 1 (@F1) October 23, 2023