Гледачите на првите два натпревари од денешната програма на Лигата на шампионите имаа можност да видат ефикасен фудбал и седум гола. Интересно, сите четири екипи успеаја да победа.
Баерн Минехн со голема победа од 3-1 се враќа од гостувањето во Истанбул против Галатасарај. Ова за турскиот претставник во Лигата на шампионите е прв пораз оваа сезона во сите натпреварувања, откако на претходните 17 меча имаа 14 победи и само три нерешени.
Баварците дојдоа во водство уште во осмата минута преку Коман, а израмни Икарди од пенал во 30-тата минута. Откако Галатасарај не искористи неколку убави шанси за гол во првото полувреме, следуваше казна во вториот дел. Кејн во 73-тата и Мусијала во 79-тата минута ја донесоа победата за Баерн Минхен.
Интер со минимални 2-1 го победи Салцбург и останува на чело на табелата во групата Д. Алексис Санчес во 19-тата минута донесе водство за екипата од Милано, а Оскар Глук израмни во 57-мата. Победата за Интер ја донесе Хакан Чалханоглу во 64-тата минута од пенал.