Случајот „Калчополи“, кој го потресе фудбалскиот свет на почетокот на овој милениум, и официјално е затворен. Раководството на Јувентус одлучи дека ќе заврши правната постапка и нема да поднесе жалба до највисоката судска инстанца во Италија, а со тоа и случајот е затворен.
Во 2005 година, екипата на Јувентус беше обвинета за местење натпревари и им беше одземена титулата, која потоа му беше доделена на Интер, а Старата дама беше исфрлена во Серија Б. Челните луѓе на клубот од Торино водеа правна битка за, како што велеа, да го исчистат образот на клубот, но ваквата одлука ги изненади навивачите на Јувентус.
Старата дама бараше милионска отштета од Фудбалскиот сојуз на Италија, но и да им биде вратена титулата која му беше доделена на Интер.