Незапирливиот Баерн: Вакво нешто не му успеало никому досега во Лигата на шампионите

Екипата на Баерн Минхен со победата над Галатасарај од 3-1 на гостински терен постави неверојатен рекорд во Лигата на шампионите, кој тешко дека ќе биде надминат во блиска иднина.

Победата во Истанбул за Баварците е осма по ред на гостински терен во групна фаза на Лигата на шампионите. Со триумфот против Галатасарај, Баерн ја продолжи и низата од 37 натпревари по ред без пораз во групите на Лигата на шампионите, но и 16-та победа по ред во групната фаза.

Баварците последната титула во Лигата на шампионите ја освоија во 2020 година, кога во финалето го совладаа ПСЖ со 1-0.

- Оглас -

Најнови вести