На „Олд Трафорд“ пет минути фалеа браќа да играат еден против друг

Манчестер јунајтед го совлада Копенхаген со 1:0 во третото коло во групната фаза во Лигата на шампионите, а малку фалеше двајца браќа да играат еден против друг.

Во мечот кој го одбележаа оддавањето почит на најдобриот фудбалер во историјата на Манчестер јунајтед и одбранетиот пенал на Онана во 97-мата минута, малку фалеше браќата Расмус Хојлунд и Оскар Хојлунд да играат еден против друг.

Дваесетгодишниот Расмус беше заменет во 86-татљ минута, додека неговиот две години помал брат во игра влезе во првата минута од судиското продолжение. Влегувањето во игра на Оскар измами насмевка на неговиот брат.

- Оглас -

Најнови вести