Наумче на Спортска прогноза погоди 11 парa по ред и доби ваучер

Вредосен ваучер од 500 денари од Sport Life ќе добие Наумче П., кој погоди 11 парa од 13-те во основната понуда на Спортска прогноза.

Овој прогнозер беше најуспешен викендов иако работата му тргна лошо, со две утки. Тој типувал победи на Алмерија против Лас Палмас и на Сасуоло против Болоња. Мечот во Шпанија заврши со победа на гостите, а само 9 проценти од прогнозерите типуваа двојка. Дуелот во Италија заврши нерешено, па еден гол фалеше Наумче да фати и 12-ка, која носи ваучер од 1.000 денари.

Паровите за новото, деветто коло, ќе ги објавиме во стандардниот термин, вторник (утре) во 14 часот.

- Оглас -

Најнови вести