За седумкратниот Формула 1 првак, Британецот Луис Хамилтон, Бразил не е обична држава како сите други во кои настапува.
Хамилтон во Бразил за првпат стана шампион, тркачки идол му е Бразилецот Аиртон Сена, а од лани Хамилтон има и бразилско државјанство.
Пилотот на Мерцедес викендов ќе му оддаде чест на својот идол, па на квалификациите, спринтот и трката на патеката Интерлагос во Сао Пауло ќе носи кацига со боите на бразилското знаме. Хамилтон на социјалните мрежи објави и фотографија на која носи јакна со ликот на Сена.
Хамолтон 700 дена нема победа и се надева дека викендов може да триумфира, иако според квотите во Sport Life, не му се даваат големи шанси ни за да биде на пол-позиција.
Лани во Бразил имаше една-две победа на Мерцедес, но Хамилтон беше втор зад Џорџ Расел. Преклани таму триумфираше Хамилтон и таа беше една од неговите победи за паметење.