Александар Трајковски е херојот на сплитски Хајдук во минималната победа од 1-0 над Рудеш. Македонскиот репрезентативец во 47-мата минута беше стрелец на единствениот погодок на мечот и донесе значајни бодови со кои Хајдук се израмни на врвот од табелата во хватското првенство со Ријека со по 27 бодови.
Нашиот репрезентативец беше стартер за Хајдук, а беше заменет во 71-вата минута.