Македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски, го постигна својот деби погодок за екипата на Хајдук, и тоа гол за победа од 1-0 над екипата на Рудеш. Сплитски Хајдук со овие три бода се израмни на врвот од табелата во хрватското првенство со ист број на поени како и Ријека.
Сосема заслужено, Трајковски, е задоволен од прикажаното, а тоа го сподели и со своите фанови на социјалните мрежи.
– “Тимска победа и важни три бода. Среќен сум за мојот прв гол за овој клуб. Сега одиме понатаму уште посилно.“ – напиша Трајковски.
https://twitter.com/ATrajkovski17/status/1720914774945403185