Миовски ги поздрави на првиот меч, па ПАОК забрани внесување на македонски знамиња на “Тумба“

Репрезентативецот на Македонија, Бојан Миовски, и неговиот клуб Абердин вечерва гостуваат на стадионот „Тумба“ во Солун, на дуел во Конференциската лига против ПАОК.

Од шкотскиот клуб ги информираа своите навивачите дека на стадионот најстрого ќе биде забрането внесување македонски знамиња и на сите ќе им биде вршен детален претрес. Шкотите вакво известување добиле од ПАОК, кој не сака „провокации“ на својот стадион.

На првиот меч на кој Абердин беше домаќин, ПАОК победи со 2-3 откако претходно домашните имаа водство од 2-0. Еден од головите беше дело на нашиот Бојан Миовски, кој ги поздрави Грците со покажување на симболот кој означува „Вардар, Егеј, Пирин“, односно Обединета Македонија. Се чини дека токму овој потег ги налутило Грците, па се одлучиле да донесат ваква забрана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести