Тренерот на Тотенхем со подвиг кој не го направил ниту еден друг стратег во историјата на Премиер лигата

Тренерот на Тотенхем, Анге Постекоглу, ја доби наградата за најдобар менаџер во Премиер лигата за октомври. Во месецот кој неодамна измина, Тотенхем одигра три меча и победи трипати, и тоа на гости против Кристал палас (2:1) и Лутон (1:0), како и триумфот на домашен терен против Фулам со 2:0.

На крајот од октомври, Тотенхем беше лидер во Премиер лигата со 26 бода. Лондонскиот тим беше одличен не само во октомври, туку од почетокот на сезоната, па тренерот Постекоглу не случајно ја добиваше наградата за најдобар менаџер во лигата и во август и септември.

Во првите три месеци, Тотенхем беше со биланс од осум победи, две нерешени и ниту еден пораз. Со ваков биланс, Постекоглу испиша историја во најсилната лига на Англија затоа што е првиот тренер кој успеал да ги добие трите први признанијата за најдобар менаџер во август, септември и октомври.

Низ историјата на Премиер лигата поминале многу фантастични тренери, како што се легендарните Сер Алекс Фергусон, Арсен Венгер, па и сегашните коишто доминираа,т Пеп Гвардиола и Јирген Клоп, но никој од нив не го направил тоа што сега му успеа на Анге Постекоглу.

- Оглас -

Најнови вести