Баварската машина меле, Кејн и Баерн испишуваат историја

Баерн Минхен со 4-2 го победи Хајденхајм во меч од Бундеслигата на кој Баварците водеа 2-0, гостите израмнија, а потоа фаворитот се налути и со уште два гола извијува триумф по кој повторно е прв на табелата.

Хари Кејн даде два гола и има 17 погодоци, што е нов рекорд во германското првенство после 11 кола. Рекордна ефикасност има и Баерн кој во овие 11 кола дал дури 42 гола, повеќе од било кој друг тим во историјата на Бундеслигата.

Гол машина има и Штутгарт, тоа е Серу Гираси, кој се врати после повредата (не играше на претходните два лигашки мечеви, а Штутгарт ги губеше тие мечеви) и даде гол од пенал за победа од 2-1 на Швабите во дербито против Борусија Дортмунд. Гираси има 15 гола на девет настапи и ќе се трка со Кејн за прв стрелец и Златната копачка.

- Оглас -

Најнови вести