Левандовски не заборавил да дава голови, донесе „два во еден“ победа за Барса

Барселона го совлада Алавес со 2-1 во меч од шпанската лига на кој гостите водеа на полувреме со гол во првата минута, а пресвртот го направи Роберт Левандовски со два гола во второто полувреме, од кои победничкиот од пенал во 77-ма минута.

Полскиот голгетер беше критикуван во шпанските медиуми периодов, тој немаше дадено гол уште од 23-ти септември, а вечерва конечно го прекина постот и тоа со два погодоци.

Каталонците одиграа многу лошо во првото полувреме, Алавес имаше прекрасна шанса и за 2-0. Во вториот гол гостите целосно се повлекоа и не го издржаа притисокот. Алавес е еден од шесте тима во шпанската Ла Лига кои сезонава немаат победа на гости.

Ова е мајсторскиот гол со глава на Леви со кој изедначи на 1-1 и го најави пресвртот:

- Оглас -

Најнови вести