Барселона втор пат сезонава прима гол за помалку од 20 секунди откако ќе почне мечот

Алавес ја шокираше Барселона на стартот од дуелот на „Олимпискиот стадион“ откако гостите погодија по само 18 секунди игра. Барселона го имаше почетниот удар, но откако гостите ја одземаа топката, направија одличен напад, кој го завршија со погодок.

Саму Омородион погоди за 0:1 и голема радост за гостите по само 18 секунди игра. Интересно е дека ова не е најбрз гол што Барселона го прими сезонава. На дуелот против Гранада, каталонскиот гигант прими гол по само 17 секунди од почетниот свиреж на судијата.

- Оглас -

Најнови вести