Фудбалерите на Мајнц на „Опел арената“ синоќа истрчаа во празнични шарени дресови, во боите карактеристични за локалните зимски свечености, но на крајот на натпреварот против Баер Леверкузен, кој заврши 1:5, немаше никаква причина за славје или свечености.
Опиени од прославите во овој зимски период во градот, играчите на Мајнц истрчаа во атипични дресови, бидејќи клупските бои се нијанси на црвена и бела. Резултатот покажа дека подобро ќе беше да не играа во овие карневалски дресови, кои не само што не изгледаа убаво за вкусот на повеќето навивачи, туку им донесе и несреќа на теренот и тежок пораз.
Како што стојат работите, ова беше прв и последен пат, екипата на Мајнц да настапи во вакви дресови.