Реал е газда во Мадрид, Кралевите сега се најблиску до Барселона

Реал го доби градското дерби против Атлетико со 3:1, победувајќи на стадионот „Ванда Метрополитано“, во меч од 23. коло на шпанската Примера дивисион. Кралевите уште од самиот старт покажаа дека се дојдени да слават на ова тешко гостување. Касемиро погоди по само 16 минути, што е најбрз гол што го има примено Атлетико на свој терен во првенството.

Антоан Гризман донесе радост за домашните навивачи и израмни во 22 минута, но до крајот на првиот дел Серхио Рамос од пенал повторно донесе предност на гостите, овојпат од 2:1. Во второто полувреме, Атлетико даде гол преку Мората, но тој погодок беше поништен поради оф-сајд.

Сите дилеми околу победникот ги реши Герет Бејл кој влезе во игра во второто полувреме. По еден контра напад, Лука Модриќ асистираше, а Бејл погоди за 3:1 и победа на Реал. Со овој триумф, Реал стигна до 45 бодови и сега е на второто место на табелата, а Атлетико остана на 44 бодови. Лидерот Барселона има 50 бодови и гостување утре во Билбао против Атлетик.

- Оглас -

Најнови вести