Бекот на Њукасл, искусниот Киран Трипие, нема да биде во составот на англиската фудбалска репрезентација на гостувањето во Скопје против Македонија.
Трипие доби дозвола да остане дома поради приватни причини, и отпадна од комбинација за настап на утрешното гостување. Трипие беше стартер на мечот со Малта.
Инаку, Гординот Албион претппладнево тренираше во Лондон во тренинг центарот на Тотенхем, а околу 18.30 часот треба да слетаат во Скопје и вечерва нема да тренираат на арената „Тодор Проески“.