Баерн го победи Реал, веќе ја најде замената за Тухел? 

Германскиот шампион Баерн Минхен на крајот од сезоната планира да ја прекине соработката со тренерот Томас Тухел и да го донесе човекот кој највисоко котира на листата на Реал Мадрид, пишуваат шпанските медиуми.

Според медиумите, управата на Баерн Минхен, веќе стапила во контакт со Чаби Алонсо, тренерот на Баер Леверкузен, кој прави чуда со Фармацевтите. Алонсо се смета за еден од најдобрите млади тренери за кого голем интерес пројавува и претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, и во него ја гледа замената за Карло Анчелоти.

Но, шпанскиот Ел Чирингито објави дека управата на Баерн Минхен веќе ги договорила сите детали со Алонсо и од идната сезона Шпанецот ќе седи на клупата на германскиот шампион.

 

- Оглас -

Најнови вести