Баерн Минхен минимално со 1:0 го победи Келн на гостински терен, триумф со кој актуелниот германски првак се најде на првата позиција во Бундеслигата. Хари Кејн е херојот на гостите, постигнувајќи го единствениот гол доволен за три бода. Англискиот голгетер погоди во 20 минута и со тоа постави еден рекорд во германското првенство.
Кејн е првиот фудбалер во историјата на Бундеслигата што успеал да постигне 18 погодоци во првите 12 кола од првенството. Тоа што е уште поважно, Кејн тоа го направи во дебитантската сезона, откако летово потпиша за Баерн Минхен.
18 – Bayern München’s Harry Kane is the first player in Bundesliga history to score 18 goals in the first 12 matchdays of a season, as well as the first Englishman to score 18 goals in a single campaign in the competition. Sir. #KOEFCB pic.twitter.com/b9ZgroziMg
— OptaFranz (@OptaFranz) November 24, 2023
Баерн Минхен сега има 32 бодови, еден повеќе од Баер Леверкузен кој утре гостува кај Вердер Бремен. Штутгарт е трет, но заостанува дури осум бода зад лидерот Баерн Минхен.