Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, вечерва покажа дека знае да биде и максимално коректен и спортсмен.
Во втората минута од средбата Ал Наср – Персеполис од азиската Лига на шампиони, Роналдо падна во противничкиот 16-ник, а судијата покажа на белата точка. Гостите од Иран се бунеа, а судијата го поништи пеналот дури откако самиот Роналдо му гестикулираше и му кажа дека не е пенал.
Симпатизерите на Португалецот масовно коментираат по социјалните мрежи, го фалат својот миленик, а некои не може да не прашаат дали некогаш Меси би направил ваков спортски потег на штета на својот тим.
Инаку Роналдо го напушти теренот во финишот на мечот поради повреда здобиена со еден воздушен дуел со голманот Алиреза Бејранванд.
Мечот заврши 0-0, доволно за саудискиот тим да го освои првото место во групата и да оди во нокаут-фазата.
Еве го ферплеј-потегот на Роналдо за паметење:
Incredible sportsmanship from Cristiano Ronaldo, who had the chance to become joint top scorer in 2023.
"No penalty" he said to the referee.#AlNassr #AlNassrPersepolispic.twitter.com/BxE4pph8Gh
— H/F (@hfworld_) November 27, 2023