Кристијано Роналдо е најплатениот спортист во светот, а голем дел од парите кои ги заработува се од рекламирање на разни производи и брендови. Поради еден таков ангажман, Роналдо сега може да остане без многу пари, се проценува и дека сумата може да дојде и до милијарда долари.
Во САД беше подигната тужба против Binance, најголемата берза за криптовалути во светот. Обвинителите тврдат дека нивните клиенти инвестирале во Binance токму поради поддршката што му ја дава на овој бренд португалскиот фудбалер. Како резултат на инвестицијата имаа само загуби, поединци останаа без сè што поседуваат. Сега бараат да им се обештети за тоа.
Роналдо влезе во соработка со Binance точно пред една година кога оваа берза ја објави првата колекција ЦР7 на незаменливи токени (НФТ). Најевтиниот НФТ од колекцијата ЦР7 тогаш чинеше 77 долари, додека сега вредноста на истиот ток НФТ е само еден долар.
Тужителите тврдат дека со појавувањето на Роналдо довело до зголемување за интересот на Binance до 500 отсто. Засега уште не се знае колку пари заработил Роналдо од ова рекламирање, а такво нешто предвидуваат американските закони.