Снегот прави проблеми, се одложуваат мечеви во Германија, Англија, Австрија и меѓу нив е и тој на Баерн

Снегот кој завеа неколку европски земји предизвика одложување на натпревари во неколку лиги. Меѓу одложените мечеви е и тој на германскиот шампион Баерн Минхен кој на „Алијанц арената“ требаше да игра против Унион Берлин.

Иако гостите од Берлин веќе пристигнаа во Минхен, одлучено е мечот да се одложи да друг ден.

Во австриската Бундеслига се одложени два од трите меча кои требаше да се играат денеска и меѓу нив е тој на шампионот Салцбург против Волфсбергер.

Голем број на одложени натпревари има и во пониските англиски лиги, а се очекува нивниот број да се зголемува како ќе одминува времето

- Оглас -

Најнови вести