ЦСКА Москва го победи Ростов со 2-0 во меч од руската лига кој се играше на снежно време и терен покриен со снег, а главна ѕвезда на средбата беше Чилеанецот Виктор Мендес.
Мендес втора сезона е во ЦСКА, а денеска го постигна својот прв гол во дресот на Армејците. Прославата му беше забавна за публиката, се фрли во големиот куп од снег кој беше покрај теренот.