Тухел одлучи, три ѕвезди си одат од Баерн за 150 милиони евра

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, на челниците на клубот им порача на трансфер-листата да стават три ѕвезди на тимот од чија продажба се очекува да се инкасираат околу 150 милиони евра.

Според Тухел, последната сезона во дресот на Баерн ја играат Алфонсо Дејвис, Серж Гнабри, а третиот фудбалер кој ќе биде ставен на трансфер-листата ќе биде Џошуа Кимих или Леон Горецка.

Тренерот не е задоволен од игрите кои сезонава ги прикажуваат Дејвис и Гнабри и од нив се очекува клубот да заработи 100 милиони евра. Преговорите со Дејвис за нов договор се стопирани поради барањето на фудбалерот да има нето-плата од 10 милиони евра по сезона, додека за Гнабри нема да има место во тимот по доаѓањето на Брајан Сарагоса.

Тухел не е задоволен како функционира тандемот Кимих – Горецка, смета дека му треба освежување во средниот ред и налето ќе мора и еден од нив да си замине.

Бидејќи договорот на Кимих истекува 2025 година, а преговорите за нов сè уште не се започнати, германските медиуми шпекулираат дека тој ќе го напушти Баерн и најверојатно ќе се пресели во Барселона.

Како освежување за тимот идната година би требало да претставуваат Жоао Палиња од Фулам, со кого веќе сè е договорено, играчот на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди, и најверојатно Роналд Араухо од Барселона.

- Оглас -

Најнови вести