Тренерот на Лацио сака во осминафиналето да им се падне Барселона

Барселона е единствениот голем клуб против кого тренерот Маурицио Сари се нема сретнато во кариерата, па затоа италијанскиот стручњак кој го води Лацио посакува Барса да им се падне на римските Орли во осминафиналето на Лигата на шампионите.

„Се надевам дека ќе ни се падне Барселона. Веројатно тие се единствениот голем клуб со кого не сум имал меч, па затоа ги сакам нив во ждрепката. Жал ми е што играат на друг стадион, поубаво ќе беше да гостував на Камп ноу“, рече Сари по синоќешниот пораз од Атлетико Мадрид, но овој пораз не го обесхрабри и во осминафиналето да посакува ново гостување во Шпанија.

Сезонава на Лацио подобро му оди во Европа отколку во Серија А, за разлика од лани, кога ситуацијата беше обратна. Во ЛШ играат без притисок и можеби ќе успеат да се најдат и во четвртфиналето, што би било изненадување.

- Оглас -

Најнови вести