Манчестер јунајтед игра сезона која навивачите ќе сакаат што побрзо да ја заборават, а во сивилото на екипата се вклопи и најскапото летно засилување, Расмус Хојлунд.
Иако минатата сезона беше освоено третото место во Премиер лигата и беше освоен Лига купот, оваа сезона Црвените ѓаволи наместо да направат чекор напред поради што вложија доста пари во засилувања, тие играат очајно и веќе испаднаа од Лигата на шампионите, а во шампионатот по 17 кола имаат 11 бода помалку од лидерот Арсенал.
Една од причините за слабите резултати е и слабата реализација иако Јунајтед летово плати 75 милиони евра за ангажман на 20-годишниот Расмус Хојлунд.
Но, данскиот репрезентативец, сè уште нема постигнато гол во Премиер лигата, додека во Лигата на шампионите петпати ги тресеше мрежите.
Причината за лошите игри на Хојлунд во Премиер лигата лежат во еден неверојатен податок и немаат голема вина кај самиот напаѓач. Имено, Хојлунд од сите напаѓачи на 20-те екипи во Премиер лигата, има добиено најмалку топки.
Во 12 натпревари, Данецот топката ја примил во нешто помалку од 150 ситуации, додека Хјонг-Мин Сон од Тотенхем дури 400 пати бил проигран од своите соиграчи.
https://twitter.com/UtdPlug/status/1735966152587673804?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1735966152587673804%7Ctwgr%5E82ea8a84a3fa1df3c6d9f2245f29eb59f26c3313%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportske.jutarnji.hr%2Fsn%2Fnogomet%2Fnogomet-medjunarodni%2Fnapadac-od-75-milijuna-eura-jos-nema-pogodak-u-prvenstvu-iza-svega-stoji-nevjerojatan-razlog-15406123