Премиер лигата со реакција: Кој клуб ќе ѝ се приклучи на Суперлигата, ќе биде исфрлен од првенството!

Европскиот суд на правдата денеска одлучи дека ФИФА и УЕФА неправедно го забраниле формирањето на Суперлигата чии иницијатори за формирање беа европските гиганти Реал Мадрид, Барселона и Јувентус.

Оваа одлука на Судот донесе многу реакции. Прва со реакција излезе шпанската Примера дивисион, од каде што стигна оценка дека Суперлигата е себична и затворена. Веднаш потоа се огласија и од Премиер лигата.

Дури шест англиски екипи, и тоа Арсенал, Челзи, Тотенхем, Ливерпул, Манчестер сити и Манчестер јунајтед, се планираа како дел од Суперлигата која требаше да профункционира пред две години. Сега нема правна пречка овие екипи да му се приклучат на новото натпреварување, но челниците на Премиер лигата донесоа реформи во фудбалот кои ќе бидат подржани од тамошната Влада, а во сила ќе стапат во 2024 година.

Клубовите кои ќе решат да ѝ се приклучат на Суперлигата нема да добијат лиценца за настап во англиските натпреварувања, што значи дека тие клубови ќе бидат исфрлени од Премиер лигата. Со овој потег челниците на лигата сакаат да ја задржат хомогеноста на првенството, кое едноставно може и да се „распадне“ ако дури шест клуба решат да ѝ се приклучат на Суперлигата.

- Оглас -

Најнови вести