Суперлигата е себична, затворена и елитистичка, секој настап на едно натпреварување треба да се заслужи со резултатите на теренот

Судот на Европската унија донесе пресува дека ФИФА и УЕФА дејствувале против законите кога решиле да донесат одлука за забрана на формирање на фудбалската Суперлига. Пред две години пропадна обидот да се формира Суперлигата чии главни иницијатори беа европските гиганти Реал Мадрид, Барселона и Јувентус.

Според одлуката на Судот, Суперлигата може да се формира, а оваа одлука наиде на најразлични реакции. Додека едни коментираат дека „фудбалот е слободен“ и дека е урнат монополот на УЕФА, други сметаат дека Суперлигата ќе мунанесе штета на најпопуларниот спорт во светот.

„Денеска, повеќе од кога било, ќе се присетиме дека Суперлигата е себична, заторена и елитистичка. Секој формат кој не е целосно отворен и во кој нема да може од година во година низ резултатите од домашните првенства да се бори за настап, го сметаме за затворен систем. Секој клуб на теренот треба да го заслужи настапот во едно натпреварување“, стои во реакцијата од шпанската Примера дивисион.

Суперлигата е замислена како натпреварување на најсилните клубови во Европа. При првиот обид да се формира, биле контактирани 60-тина клубови од многу земји. Сепак, елитното ниво на Суперлигата би имала само 20-тина клубови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести