Ќе продолжи ли успешната серија на МЗТ? Квотата за победа на Штрковите против Спартак е одлична

Актуелниот шампион на Макеоднија, МЗТ Скопје, попладнево го игра последниот натпревар на балон-турнирот од АБА-2 лигата во Широки Брег, Босна и Херцеговина. Противнник на екипата од скопски Аеродром е српскиот прволигаш Спартак Суботица, кој влегува како фаворит во дуелот со нашиот претставник.

Ако се погледнат квотите во Sport Life, може да се забележи дека Србите се во мала предност со квота од 1.73 за победа, додека квотата за победа на МЗТ Скопје е 2.18. Нашиот шампион е во серија од три победи по ред во јадранското друштво и сигурно ќе сака балонот да го заврши со победа над директниот конкурент за висок пласман.

Воедно, ако се сметаат и натпреварите од домашното првенство, МЗТ Скопје нема пораз на последните осум меча, а последен пат поразот го почувствува во дуелот против Хелиос Домжале токму во АБА-2 лигата.

- Оглас -

Најнови вести