Голот на аматерскиот фудбалер против Ајакс донесе ќар над 150.000 евра на неговите цимери

Најтрофејниот холандски клуб Ајакс, го претрпе најсрамниот пораз откако беше елиминиран во Купот и тоа од аматерскиот тим на Херкулес кој игра во четвртата лига. Неверојатно делуваше резултатот дека Херкулес победи со 3:2. 

Херој на домаќините беше Тим Питерс кој постигна два гола, а по мечот многу радост имало и за неговите цимери. Вкупно 12 пријатели на Питерс, во текот на мечот решиле да се обложат на нешто што делувало неверојатно.

Откако Питерс го посгитна погодокот за 1:0, квотата „во живо“ за напаѓачот на Херкулес да постигне и втор гол против гигантот Ајакс била дури 751. Цимерите на аматерскиот фудбалер се согласиле сите да вложат по 15 евра дека Питерс ќе погоди и по втор пат, што и се случи за водство на Херкулес од 2:0.

По вториот погодок на аматерскиот фудбалер, секој од неговите цимери заработиле по 11.265 евра, односно вкупната заработка од облогот била над 150.000 евра.

https://twitter.com/i/status/1737931645519278568

- Оглас -

Најнови вести