Новите снимки од Нејмар сигурно ќе ги налутат Саудијците: Бразилецот прави прослава на крстарење (Видео)

Пред неколку месеци, капитенот на бразилската репрезентација Нејмар реши да си замине од Пари Сен Жермен и потпиша за тимот на Ал-Хилал во Саудиска Арабија. Публиката во оваа земја немаше можност многу да ужива во мајсториите на Бразилецот затоа што Нејмар се повреди и за него сезоната е завршена.

Ова беше очајна вест за Ал-Хилал, тим кој се согласи да му плати 200 милиони евра по сезона на Нејмар. Во изминативе неколку недели, Нејмар неколку пати постираше видеа од сали за вежбање како се рехабилитира и колку е болен процесот, што дури и вреска и плаче.

Сепак, како што се зголемува новогодишната еуфорија, Нејмар очигледно решил да се релаксира, па заедно со своето семејство и пријателите заминал на крстањето со крузер од Сао Пауло до Рио де Жанеиро и назад. Тој е заштитно лице на забавите и за тоа покрај уживањето, дополнително ќе заработи.

Сепак, овие снимки на кои Нејмар се весели и ужива сигурно нема да бидат добро прифатени од челниците на Ал-Хилал, кои платија цело богатство за да го имаат Бразилецот во своите редови, а тој е многу далеку од клупските обврски и ужива во добра забава.

- Оглас -

Најнови вести