Откако го реши прашањето со Анчелоти, Реал Мадрид му постави ултиматум на Мбапе

Само неколку часа откако официјално објави дека Карло Анчелоти потпиша нов договор и ќе седи на клупата на Кралевите до 2026 година, управата на Реал Мадрид веднаш се фокусира на најголемата и најважната работа за 2024 година, Килијан Мбапе.

Според влијателниот „Атлетик“, Реал Мадрид му поставил ултиматум на напаѓачот на ПСЖ и на француската репрезентација.

Мбапе од први јануари ќе може слободно да преговара со заинтересираните екипи бидејќи ќе влезе во последните шест месечи од договорот со ПСЖ и Реал Мадрид не сака повторно да биде изигран.

Последниот пат кога Мбапе можеше слободно да преговара, му вети на првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перес дека ќе го облече кралскиот дрес, но во последен момент го изигра и потпиша нов договор со ПСЖ.

Поучен од претходното искуство, сега Перес му поставил ултиматум на Мбапе, до средината на јануари официјално да се согласи да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ или Реал ќе се откаже од неговиот трансфер и во иднина ќе се фокусира на ангажирање на Ерлинг Халанд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести