Роб Крос и Лук Литлер се пласираа во полуфиналето на Светското првенство во пикадо, а и двајцата денеска имаа историски победи. Крос на неверојатен начин го победи Крис Добеј со 5:4, а Литлар немаше проблеми против Брендон Долан и беше подобар со 5:1.
Крос ја имаше улогата на фаворит во мечот против Добеј, бидејќи е девет позиции подобропласиран, но на теренот не излгедаше така. Добеј одлично го започна мечот и поведе со 4:0 во сетови и му беше потребен само уште еден сет за да се најде меѓу најдобрите четворица. Крос беше толку лош што во третиот и четвртиот сет не успеа да освои ниту еден лег, па ништо не најавуваше дека ќе има пресврт.
Сепак, Крос потоа заигра многу подобро и на неверојатен начин ги освои следните пет сета. Откако стигна до 4:4, во решавачкиот деветти сет, резултатот беше 3:3, а потоа крос освои два лега по ред и стигна до полуфиналето.
Немаше драма на мечот на кој Литлер со 5:1 го победи својот ривал. Литлер е 16-годишно момче кое не сопира со чудата на СП и денеска лесно го победи Добеј. Според ранг листата, Добеј е на 28 место, а Литлер е дури на 164 позиција. Добеј има 50 години и е повеќе од три пати постар од 16-годишниот Литлер, кој едноставно е незадржлив и сега е во полуфиналето на СП во пикадо.