Момче од 16 години прави чуда на СП во пикадо, ни легенди во овој спорт не му можат ништо! (Видео)

Британецот Лук Литлер е хит на Светското првенство во пикадо кое е во тек. Ова момче има само 16 години, а попладнево игра четвртфинале на СП, и според квотите во Sport Life, е голем фаворит и би требало да влезе и во полуфиналето.

Литлер е прв тинејџер кој добил меч на СП, а веќе нареди четири победи и тоа ниту еднаш не загуби повеќе од еден сет.

Синоќа Литлер беше подобар од легендата и негов идол, холандскиот ветеран Рејмонд Ван Барневелд. Популарниот Барни беше светски првак во годината кога се роди Лук, а синоќа не можеше против младиот противник и загуби со 1-4 во сетови.

Следна пречка му е Брендан Долан, а ако стане светски првак, ќе влезе во историјата, бидејќи досега најмлад играч кој станал светски шампион во пикадо бил 25-годишник.

Еве како изгледаше завршницата на дуелот на Литлер со Ван Барневелд:

- Оглас -

Најнови вести