Партизан во Белград без проблеми го победи Асвел Вилербан со 90-77, што за Црно-белите е десетта победа сезонава во Евролигата. Тимот на тренерот Жељко Обрадовиќ доминираше во првите три четвртини, но во последниот квартал францускиот тим го ублажи поразот.
Пантер со 22 поени беше прв стрелец кај Партизан. Центарот Ловерњ, кој сега е во Асвел, а во минатото беше капитен на Партизан, доби благодарница и дрес, заврши со скромни 6 поени.
Вечерва славеше и Црвена ѕвезда, а тоа е одлична најава за големото белградско дерби во Евролигата кое ќе се игра задутре.