Ѕвезден старт на 2024 за белградските Црвено-бели, победија во салата во која сезонава загуби Реал

Црвена ѕвезда извојува голема победа на гостувањето кај Фенербахче од 85-76 во дуел од кошаркарската Евролига.

Турскиот тим беше фаворит, првата четвртина ја доби со осум поени разлика, но потоа Ѕвезда беше подобар тим и дојде до седмата победа во 18 меча сезонава. Џоел Боломбој со 24 поени и шест скока беше предводник на Црвено-белите од Белград. Фенер, кој е единствен тим што го победи Реал Мадрид сезонава, падна на 10-8.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести