Неверојатно е што промаши напаѓачот на Реал, од еден метар не успеа да го погоди празниот гол (Видео)

Реал Мадрид со минимална победа од 1:0 над Мајорка ја започна 2024 година, но резултатот можеше да биде поинаков доколку не се случеше промашувањето на сезоната.

Имено, во 69-тата минута Валверде ја префрли топката на левата страна и го проигра Родриго, кој пак се обиде да го совлада голманот на Мајорка, Рајковиќ, кој одлично интервенираше.

Одбиената топка дојде до Брахим Дијас, кој само од еден метар во пад ја удри со глава, но топката ја погоди стативата, а потоа се прошета на гол-линијата.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести