Барселона го доби првото Ел Класико во 2024 година

Кошаркарите на Барселона славеа со 83:78 против најголемиот ривал Реал Мадрид во рамките на 18-тото коло во Евролигата. Ова е само втор пораз за актуелниот европски шампион во 18 меча, но останува лидер на табелата со три победи повеќе од второпласираниот Виртус.

Првото Ел Класико во 2024 година беше решено на стартот од последната четвртина, која Барселона ја отвори со серија од 14:0 и поведе со 74:62, по што предноста ја зачува до крајот.

Одлична партија одигра Јан Весели, кој постигна 27 поени, Лапровитола даде 14, а Калиниќ 13 за Барселона, додека кај Реал Мадрид најдобри беа Муса со 19 и Хезоња со 16 поени.

Виртус Болоња благодарение на поените на Ифе Лундберг на девет секунди пред крајот, го совлада Баерн Минхен со 85:83. Ова беше 13-та победа за италијанскиот тим во 18-тиот меч и остана на второто место на табелата, со една победа повеќе од Барселона.

И на останатите два меча денеска славеа домаќините, Валенсија со 93:88 го совлада Анадолу Ефес, додека Басконија со 75:73 го победи Панатинаикос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести