Досегашниот кошаркар на Торонто репторс Паскал Сиакам е трејдуван и во продолжение на сезоната ќе го носи дресот на Индијана пејсерс. Торонто одлучи да го замени својот најдобар кошаркар, а за возврат во своите редови да ги добие Брус Браун, Џордан Нвру и три пика од првата рунда на драфтот во 2024, два пика од драфтот во 2025 година и еден пик од драфтот во 2026 година.
Во целиот трејд е вклучен и трет клуб, а тоа е Њу Орлеанс пеликанс, кој го испрати Кир Луис меѓу Рептилите и пик од втората рунда на драфтот во Индијана. Од целиот овој бизнис најголем добитник е Индијана, бидејќи добија голема ѕвезда која треба да им помогне во вториот дел од сезоната.
Pascal Siakam is joining Tyrese Haliburton with the Pacers pic.twitter.com/JirRSYzHYq
— Adrian Wojnarowski (@wojespn) January 17, 2024
Саикам во просек сезонава постигнува 22,2 поени, 6,3 скока и 4,9 асистенции по меч. Индијана моментално е на шестото место на Истокот со 23 победи и 17 порази.