Кошаркарската Евролига најави нов финансиски систем кој ќе стапи на сила во сезоната 2027/28. Овој систем ќе воведе поголема финансиска транспарентност и ќе наметне одредени ограничувања во трошењето на клубовите.
Почнувајќи од сезоната 2027/28, тимовите во Евролигата ќе бидат обврзани да трошат најмалку 32% од приходите што ги акумулираат во текот на двегодишен период. Ќе биде воведен и данок на луксуз за клубовите што ќе трошат повеќе од дозволеното, како и „селари кап“ (горна граница за платите на играчите), кој ќе биде тесно поврзан со прописите за финансиска стабилност и ферплејот.
Системот ќе вклучува следење на приходите од три главни извори: приходите од натпревари, реклами и „други“ приходи, кои сè уште не се целосно дефинирани.
Клубовите што ќе потрошат повеќе од дозволеното ќе мора да им платат компензација на тимовите што ги почитуваат овие правила.