Завршната битка за трофејот во Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ ќе биде во Битола

Завршниот турнир на Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ 2024 во машка конкуренција ќе се игра ов Битола.

Кошаркарската федерација на Македонија по добивањето на понудите за организација на годинешниот завршен турнир, одлучи Пелистер да ја добие организацијата. Последен пат, завршниот турнир од Купот на Македонија во Битола со одржал пред 17 години.

Завршниот турнир ќе се игра во периодот од 15-ти до 17-ти февруари во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

Пласман во завршницата на ова натпреварување, обезбедија екипите на: МЗТ Скопје Аеродром, Еуро Никел 2005, Пелистер, Чаир 2030, Работнички, ТФТ Моцарт, Феникс 2010 и Гостивар.

Согласно со пласманот на екипите по првиот круг од регуларниот дел од сезоната (11. одиграни кола) од Првата лига-мажи, во четвртфиналето ќе се сретнат:

(1) МЗТ Скопје Аеродром – (8) Гостивар
(2) Пелистер – (7) Феникс 2010
(3) Еуро Никел 2005 – (6) Чаир 2030
(4) Работнички – (5) ТФТ Моцарт

Бранител на трофејот е МЗТ Скопје кој минатата година во финалето со 89:73 го совлада Феникс.

Македонската кошаркарска федерација ќе биде организатор на финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“2024 во женска конкуренција.

Терминот и местото на одигрување на завршницата на Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ 2024 – жени, ќе бидат дополнително објавени.

- Оглас -

Најнови вести